Во кумановската Гимназија во мултиетнички дух се прослави Бадник (фото)

Сподели со своите пријатели

Средното општинско училиште Гимназија „Гоце Делчев“ денеска беше домаќин на заедничката прослава на Бадник и Божиќ на учениците Македонци и Албанци, под мотото „Празниците зближуваат“.

 

Loading...

 

Прославата е во рамките на проектот „Безбедни училишта“ во соработка со Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Куманово и ОБСЕ, а истиот се одбележува од 2012 година.

– Празничната магија нека остане во нашите срца во наредните 365 дена и нека не води кон патот на успехот, на личен и професионален план. Во тој дух продолжуваме и денес кога го чествуваме Бадник, денот кога се вршат последните подготовки за објава на Христовото раѓање. Ќе ви посакам на сите вас да ги отворите вашите срца и души, да дозволиме бадниковата светлина да навлезе во нив, да ја потикне хуманоста човечноста, пријателството, љубовта и убавата мисла. Преку посната трпеза и виното да дозволиме да навлезе и да го почувествуваме зборот божји, да почувствуваме мир, спокојство и семејна среќа, рече Соња Тодоровска, заменик директор на Гимназија „Гоце Длечев“.

 

 

На прославата освен учениците, присуствуваа сегашниот градоначалник на Општина Куманово Максим Димитриевски, поранешниот Зоран Дамјановски, претставници на политички партии, здруженија, свештени лица, родители и просветни работници, како и претставници од Секторот за внатрешни работи Куманово.

– Првата година идеја беше од самите ученици да има повеќе мултиетничка комуникација и дружење помеѓу учениците, почнувајќи од одбележување на верските празници, за прв пат тогаш се одбележа Бадник заеднички со учество на сите ученици на македонски, албански и српски наставен јазик. Ова е седма година како се одржува манифестацијата, и првичната идеја беше не полицијата да биде носител, туку постепено да се вклучат родителите, наставниците, учениците, односно сите оние кои се чинители во образованиот процес, изјави Виолета Богдановска, раководител на Сектор за превенција при СВР Куманово.

 

Loading...

 

Како што вели Отец Игор Здравсковски од Кумановско-осоговската епархија, ваквите проекти се потребни поради тоа што била забележана аномалија во меѓусебното почитување меѓу заедниците во градот.

– Секое битие од бога создадено е слободно и никој не треба да го ограничи какво да биде или во што да верува, или како да се однесува, па според тоа и Бог доаѓајќи во тело, примајќи човечка природа, целосно го прими, единствено гревот го остави на страна, затоа што човекот не беше создаден со таква мисла, изјави Отец Здравсковски.

Инаку заедничкото одбележување на празниците од повеќе националности помага во подобрување на меѓуетничките односи на најмладите во општеството и изградба на мир, љубов и соработка.