Во Куманово вчера казнети над 70 возачи

Сподели со своите пријатели

Над 70 возаи вчера биле казнети на територијата на Секторот за внатрешни работи Куманово, од кои најголем дел за возење со брзина над дозволената.

Loading...

– Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово, во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Куманово спроведоа контрола за санкционирање на возачите што управуваат возила со поголема брзина од дозволената, информираат од кумановската полиција.

Како што се додава во соопштеинето на СВР Куманово, санкционирани се 65 возачи кои управувале со брзина поголема од дозволената.

При контролата откриени се и законски санкционирани и 7 останати прекршоци.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  22-годишник нападнат во кумановско Љубодраг

Сообраќајните контроли, велат од полицијата, продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност на патиштата, стои во соопштението.

Никола Ивановски