Во Куманово сончево со температура до 32 степени

Сподели со своите пријатели

Сончево време со минимално заоблачување ќе имаме во текот на денешениот ден на просторот на Куманово и околината, споре порталот accuweather.

Ќе дува сосема слаб ветер од северозападен правец, а максималната дневна температура ќе достигне 32 степени целзиусови. Индексот на УВ зрачењето ќе биде висок и ќе има вредност 8. Температурата во ноќните и утринските часови ќе се спушти до 16 степен.

За утре не очекува слично време, со услови за врнежи од дожд и грмотевици во попладневните часови, што во понеделник ќе резултира со пад на температурата до 27 степени.