Во Куманово регистриран делта сојот на коронавирусот

Сподели со своите пријатели

Пет нови случаи на делта сојот на коронавирусот се регистрирани во текот на изимнатата недела во Македонија, а еден од нив и во Куманово, информираше денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Loading...

Како што посочи тој тројца од пациентите со делта мутацијата на вирусот се од Скопје и по еден од Тетово и Куманово, но притоа вели, има и други мутации.

 

Пет работи што треба да ги знаете за делта сојот на коронавирусот

 

Според досегашните анализи 85 отсто од здравствените работници се вакцинирани, а околу 50 отсто од вработените во градинките и училиштата. Една третина од оваа категорија во Куманово се вакцинирани.

– Граѓаните треба да се свесни дека ако не сакаат да се вакцинираат има сериозно голема шанса да заболат од болест предизвикана од вирус која многу веројатно ќе ги смести во болница и многу е голема шансата да имаат компликации, рече Филипче.

Во последното деноноќие во Куманово се регистрирани три нови случаи на коронавирусот.

Loading...

Никола Ивановски

 

Leave a Reply