Во Куманово промовирана кампањата „Стоп омраза, Сподели почит“

Сподели со своите пријатели

„Стоп омраза Сподели почит е мотото на Младинската кампања за говор на почитување наспроти говор на омраза,  која денеска беше презентирана, пред младите од Куманово во општинската организација на Црвениот крст.

Акцијата ја спроведуваат Гешталт центарот МК Аспекти, со поддршка на Цивика Мобилитас, а во соработка со повеќе младински организации од државата и општинските организации на Црвен крст. Целта на акцијата, рече Лидија Попчева психолог-психотерапевт од  Аспекти  е ширење на медиумска кампања за развивање на свесноста кај младите дека говорот на омраза дискриминира, прави поделби, создава деструктивно однесување и во крајна ситуација создава и социјални немири.

Кампањата која ја проследија младите средношколци и студенти од Куманово промовира позитивен говор, почитување и придонесува до развивање клима за позитивна комуникација, соживот и квалитетн живот.

Во рамки на  кампањата, според организаторите се промовираат позитивните вредности  кај младите луѓе и се гради свест дека говорот на омраза ја засилува социјалната криза во државата. Целта е да се развие свесност и да се поттикне акција кај младите и да се потенцира  дека тие  се носители на идните промени во општеството.

Во рамките на кампањата, посочи Попчева подготвен е  медиумски материјал за влијание, флаери, билборди.

Акцијата се спроведува низ 12 градови во државата: Скопје, Куманово, Кичево, Гостивар, Тетово, Струга, Битола, Прилеп, Кавадарци, Кочани, Струмица и Штип./МИА


Leave a Reply