Повеќе лица починале од што биле родени во текот на првите три месеци од 2022 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Во јануари, февруари и март годинава биле родени вкупно 205 бебиња, но починале дури 369 лица, што Куманово го става во категоријата општини со негативен природен прираст од дури -164.
Од цел Североисток само во Липково повеќе новородени од починати
Биле склучени 95 бракови, а регистрирани 10 разводи.
Споредбено со истиот период лани бројките се скоро па идентични. Тогаш биле родени 215 деца, а починале 366 лица со природен прираст од -151.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2022 година на ниво на Македонија, живородени се 4 009 деца и во споредба со истиот период од претходната година нивниот број е зголемен за 2.9 %.
Во првото тримесечје од 2022 година, умреле 7 427 лица, а од нив 12 се умрени доенчиња, што претставува зголемување од 7.2 % во споредба со истото тримесечје од 2021 година.
Природниот прираст е -3 418, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.
Во ова тримесечје од годината се склучени 2 468 бракови, а нивниот број е намален за 8.4 % во споредба со истиот период од 2021 година.
Во ова тримесечје се добиени 459 извештаи за разведените бракови.
Никола Ивановски