Во Куманово отворена изложбата на авторот Давор Кешќец (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Изложбата насловена „Once again“, вчера беше отворена во кумановскиот центар за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово. Кумановци имаа можност да разгледаат дела графики и слики кои авторот ги работел последниве години.

Loading...

 

 

-Делата се ретроспектива на авторот. Млад талентиран ликовен графичар кој освен со слики се занимава и со улична арт уметност, учествувал во цртање на графити и мурали за разубавување на Скопје. Тој ја слика реалноста според видувањето и елемнтите ги преточува во музички инструменти, изјави директорот на НУЦК „Трајко Прокопиев“, Сашо Тодоровски.

 

 

Loading...

Давор Кешќец е роден 1997 во Скопје. Средно образование ДСУЛУД „Лазар Личеноски“-Скопје, оддел графика, (2011-2015). Дипломиран на Факултетот за ликовни уметности – Скопје, оддел графика, (2015-2020). Член на ДЛУМ од 2020.

 

 

Добитник е на наградата „Young Art“, категорија сликарство од 21-29 години во 2019-та година. Автор е на повеќе самостојни изложби, учествувал на селектирани групни изложби, учесник е во повеќе проекти и изработка на мурали. Од центарот за култура ги повикаа љубителите на уметноста да ги разгледаат делата секој работен ден.

Изложбата ќе биде поставена до шести април, годинава.

МИА