Во Куманово отворена дисперзирана логопедска амбуланта

Сподели со своите пријатели

Децата и возрасни од Куманово од денеска ќе можат да добијат помош за сите видови патологии на вербалната комуникација во дисперзираната логопедска амбуланта која е сметстена во Здравствениот дом во Куманово, а функционира во рамки на Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас од Скопје.

Loading...

Со отварањето на амбулантата, пациентите веќе нема да мора да патуваат за Скопје и да одвојуваат дополнителни средства, туку ќе добијат соодветна помош  од стручно лице, логопед, во  амбулантата во која има и соодветна опрема.

 -Конечно, кумановци добиваат соодветна здравствена заштита во делот на пореметувањето на говорот и вербалната комуникација. Долги години родителите бараа отварање на ваква здравствена дејност во градот-изјави на денешното отварање на амбулантата државниот секретар во Министерството за здравство д-р Владимир Милошев.

Директорката на Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас, Силвана Филипова, вели дека отварањето на оваа амбуланта е резултат на долгогодишните барања на кумановци за отварање на логопедска амбуланта.

-Родителите на децата со говорни нарушувања веќе подолго време апелираа и доставуваа барања за отварање на ваква амбуланта и еве денеска успеавме да ја реализираме нивната желба. Нашите искуства покажуваат дека рехабилитацискиот третман покажуваат најдобри резултати ако се извршува во местото на живеење и отткуа нашата установа во програмата за работа има за цел отварање на вакви дисперзирани амбуланти во други општини-изјави Филипова.

Логопедот Ана Орозовиќ Aлексиќ најави дека ќе со отварањето на оваа амбуланта ќе им се помогне на децата и на сите  возрасни категории со различни оштетувања  во вербалната комуникација.

Loading...

-Секоја година има се повеќе пациенти не само во Куманово, туку и во државата. Отварањето е голем чекор за нас-изјави Орозовиќ Алексиќ.

Амбулантата е сместена во поранешен Уред, реновирана е и во центарот на градот со што ќе се олесни пристапноста за пациентите.

Leave a Reply