Во Куманово одбележан Светскиот ден на театарот (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Светскиот ден на театарот, денеска го одбележаа актерите од кумановскиот театар во НУЦК „Трајко Прокопиев“ со трибина насловена „Разговори за театарот“.

Loading...

 

 

Пред присутните, актерите Владанка Димковска и Жарко Јовановиќ од кумановскиот театар ги прочитаа македонската, напишана од извонредната театарска и филмска актерка Теута Ајдини и светската порака, од египетската актерка Самиха Ајуб.

 

 

Loading...

Во македонската порака, актерката Ајдини, меѓу другото порачува драмите, трагедиите, не треба да се одвиваат на ниедно друго место, освен на театарската сцена. Затоа, кажете им не! на тие што прават светот да крвави; бидејќи секое наше противење се брои. И, се разбира: повелете во театар.“

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец бил агресивен и оштетил инвентар на бензинска пумпа

 

 

Во светската порака, актерката Ајуб пишува „Тоа што ние го правиме во театарот како драмски автори, режисери, актери, сценографи, поети, музичари, кореографи и техничари, сите ние без исклучок сме во чинот на создавањето живот кој не постоел пред да стапнеме на сцената. Овој живот заслужува грижа и рамо на љубовта кое ќе го прегрне, љубезно срце кое симпатизира, и трезен ум кој го овозможува тоа, кој овозможува континуитет и опстој.

 

 

Loading...

На трибината зборуваа Гоце Ристовски, универзитетски професор, критичар, Трајче Кацаров, академски професор, драматург и Тодор Кузманов критичар, кои кажаа дека театарот ќе опстои и покрај дигитализацијата. Театарот е отпор, има паралелен живот, свет, кој е независен. Критичатите нагласија дека „Тетарот е конструкт на човековата духовна градба секогаш треба да се потпираме на неговите можности, на она што го сака и може да го даде на луѓето. Жива материја која се отелотворува“ . Тие доддаваат дека за да се дојде е до побројна публика потребно е репертоарска политика, укажувајќи дека „ќе дојде такво време каде и големите центри одат на помали, мобилни проекти со малку текст и свртени се кон музички танцов театар, антидрама која лесно се сели и се игра во секоја земја, јазикот да не биде бариера“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец нападнат на ГП Табановце

 

 

Кумановските актери порачаа дека театарот мора да менува, ослободува и безгранично да создава.

– Негова должност е да не заштити од хипокризија, наша должност е да не го изедеме со егото. Мора да го браниме и пресоздаваме. Мора да не брани и пресоздава. За да станеме поголеми луѓе. Среќен светски ден на театарот, напишаа кумановските актери