Во Куманово одбележан Денот на независноста (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Со полагање свежо цвеќе пред Споменикот на жена борец на плоштадот „Маршал Тито“ во Куманово денеска беше одбележан Денот на независноста.

 

Loading...

 

Градоначалникот Максим Димитриевски, претседателката на Советот на Општина Куманово Ивана Ѓорѓиевска, како и бројни претставници на политички партии, невладини организации, здруженија на граѓани, училишта и членови Здружението на борци на НОБ и граѓани денеска положија свежо цвеќе.

 

 

Loading...

Свое обраќање пред присутните имаше градоначалникот Димитриевски нагласувајќи ја важноста на овој историски датум и улогата на Куманово во македонската борба за слобода.

– Секој жител на нашата држава вистински се гордее на овој значаен датум за нас, на кој беа удрени темелите на слободна и демократска држава, истакна Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во среда петти третман против комарци во Куманово

 

 

Тој потсети дека на 8 септември 1991 година, граѓаните со масовна излезност на референдумот ја потврдиле својата волја за самостојна и суверена држава, а неколку месеци подоцна бил усвоен и Уставот на Република Македонија.

– Независна Република Македонија за секој од нас стана благослов што треба да се негува и развива, почитувајќи го мислењето и потребите на сите, рече градоначалникот.

 

Loading...

 

Во своето обраќање, Димитриевски се осврна и на мултиетничкиот карактер на Куманово, град кој со векови претставува пример за соживот и меѓусебна почит.

– Ова е нашиот град во кој живеат Македонци, Албанци, Турци, Роми, Бошњаци, Срби, Власи. Сите не спојува разбирање и почит едни кон други, создавајќи совршена мултиетничка средина, нагласи тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Првите денови топло и суво, потоа пресврт

 

 

Градоначалникот ги повика граѓаните на заедништво, мудрост и решителност во зачувување на државните и општествените вредности.

Loading...

– Да бидеме мудри во постапките, решителни во одлуките, широкогради во почитта кон другиот. Иако сме различни, да останеме единствени и сплотени, додаде првиот човек на градот.

 

 

Химната на Република Македонија на денешното одбележување на празникот ја изведе оперскиот пејач Влатко Груевски.

 

Loading...

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Никола Ивановски

Loading...