Во Куманово одбележан Денот на Европа (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Младите кумановци, средношколци и студенти, граѓани од различни генерации денеска на градскиот плоштад го прославија 9 мај, Денот на Европа. Учениците преку различни уметнички творби, креации, танц и музика ги одбележаа двата значајни датуми од светската историја.
Кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски зборуваше за значењето на ЕУ, за придобивките, за патот на државата кон ЕУ.

Loading...

 

 

– Сите ние се стремиме кон ЕУ. Географски припаѓаме во Европа и сите без разлика на етничката припадност се чуствуваме како жители на Европа, рече Димитриевски.

 

 

Loading...

Обраќајќи им се на младите, Димитриевски потсети дека е отворен првиот младински центар во Куманово, заедно со тогашниот премиер. Тој кажа дека наскоро ќе се отвори и канцеларија за млади на улицата „Доне Божинов“ и дека од младите очекува идеи и проекти за развој на градот, а најави и отворање на младински тех- центар на покривот на комплексот базени во кој младите ќе работат на бизнис идеи.

Тој го потенцираше и значењето на 9 мај, како Ден на победа над фашизмот.

 

 

– Нашите предци беа антифашисти, а нашиот град првоборец, град херој даде многу жртви во борбата против фашизмот. Ние тоа мора да го почитуваме, негуваме, да ги учиме идните генерации дека се горди потомци на борци антифашисти, кажа Димитриевски.

 

Loading...

 

Младиот европски амбасадор, Дамјан Златановски нагласи дека младите очекуваат примена на европски вредности во локалните заедници. Младите дискутираа на младински теми и за европската иднина, бидејќи како што кажаа 2022 е европска година на младите и се работи на 11 младински европски цели.

 

 

Во текот на денот младите кумановци со танц, музика, велосипедизам ќе го слават 9 мај.

Текст: МИА / фото: Никола Ивановски