Во Куманово од денес започнува со работа приватна градинка за деца

Сподели со своите пријатели

Министерот за труд и социјала, Диме Спасов, денес оствари средба во новоотворениот Центар за ран детски развој во Куманово, лоциран на ул. Питу Гули, поточно во поранешните простории на игротеката Дизниленд.

Loading...

11924546_399519416926025_6196096247085259704_n

Приватниот центар во Куманово е трет од петнаесетте центри кои работат на ниво на Македонија.

При посетата, Спасов истакна дека дејноста за згрижување и воспитување на децата од предучилишна возраст, покрај тоа што се врши во јавните и приватните градинки, се врши и во јавните и приватните центри за ран детски развој како резултат на различните поволности и иницијативи што ги нуди Министерството.

– Во моментов отворени се 21 приватна градинка и набрзо ќе бидат отворени уште две. Има уште неколку заинтересирани приватни бизнисмени за отворање приватни детски градинки, изјави Спасов.

Сопственичката на Центарот за ран детски развој, Викторија Соларска, изјави дека Центарот има капацитет за згрижување на 60 деца, и ќе работи од 8 до 20 часот. Тимот задолжен за згрижување на децата е едуциран според Програмата на МТСП и се работи зе лиценциран персонал.

Соларска истакнува дека во идниот период очекува да се прошират просториите,  и дека една од причините поради кои го отворила Центарот е неможноста одреден број деца да се запишат во државните градинки.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.