Во Куманово некогаш постоел Центар за малолетна деликвенција

Сподели со своите пријатели

Малолетничката деликвенција во шеесетите години на минатиот век била во подем, како во Југославија, така и во Куманово. Во Центарот за социјална работа во Куманово биле регистрирани десетици малолетни престапници, кои биле советувани, обработувани и се работело на нивно превоспитување.

Loading...

На повеќе престапници им биле изрекувани дисциплински мерки, но не издржувале казни бидејќи немало дисциплински центар.

Кога биле поставени првите пешачки премини во Куманово?

Согледувајќи го недостатокот, Центарот за социјална работа во текот на февруари 1967 година учествувал на Конкурс на Републичкиот фонд и веќе во март биле доделени 20 милиони стари динари за изгработка на проект за дисциплински центар и прифатилиште во Куманово.

Работите започнале веќе во септември, а за изградбата на компанијата „Бетон“ и биле исплатени 19,7 милиони тогашни стари динари.

Кој ја донел првата фудбалска топка во градот и уште 15 малку познати факти за кумановскиот спорт

Од почетокот на 1968 година во центарот можеле да престојуваат десетина малолетници истовремено, кои издржувале казни од 5 до 20 дена.

Извор: „Наш весник“ број 142 (петок, 1. септември 1967. година)

Loading...

Leave a Reply