Во Куманово изминатата недела најмногу случаи на грип

Сподели со своите пријатели

Дури третина од вкупниот број регистрирани случаи на сезонски грип изминатата недела биле во Куманово, покажува анализата на Институтот за јавно здравје.

Loading...

Во период од 4ти до 10 ноември биле регистрирани вкупно 67 случаи на сезонски грип во Македонија, а дури 20 биле во Куманово.

Заболените лица оваа недела се регистрирани во Куманово – 20, Гостивар – 19, Тетово – 17, Кавадарци – 5, Струмица – 3, Радовиш – 2 и Неготино – 1.

Во однос на возраста, од 15-64 години се регистрирани 42 лица, од 5-14 години – 14, над 65 години – 10 и од 0-4 години – 1 лице. Највисока инциденца (6,5/100.000) се регистрира кај децата на возраст од 5-14 години.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Жито Маркети го отвори својот трет маркет во Куманово (ГАЛЕРИЈА)

– Во текот на 45-та недела од 2024 година (од 04-10.11.2024), во Република Северна Македонија, пријавени се 67 случаи (I=3,7/100.000 жители) на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, за 42,6% повеќе во споредба со претходната недела (n=47). Во споредба со 45-та недела од минатата сезона (n=47), бројот на пријавени случаи е зголемен за 42,6%, додека во однос на моделот за последните 14 сезони (n=64), се регистрира зголемување од 4,2%, стои во анализата на Институтот за јавно здравје.

Во текот на 45-та извештајна недела, како што додаваат од ИЈЗ, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ РСМ пристигнаа 15 материјали за лабораториско тестирање на грип, 9 од сентинел САРИ надзорот и 6 од рутинскиот надзор, паралелно тестирани за грип, SARS-CoV-2 и RSV. Не се регистрирани позитивни случаи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Засадени нови 210 дрвја во Градскиот парк во Куманово (ФОТО+ВИДЕО)

Пријавената инциденца е под неделната граница на сезонската активност на вирусот на грип (I=26,1/100.000), односно сѐ уште не е достигнат прагот на влез во сезоната на грип.

Во сезоната 2024/2025 вкупниот број на случаи на грип/заболувања слични на грип изнесува 262 случаи (I=14,3/100.000).

Loading...

Во споредба со истиот период од минатата сезона (n=287), бројот на пријавени случаи е намален за 8,7%, а во однос на моделот од последните 14 сезони (n=264) се регистрира намалување од 0,6%.

Кумулативно, заболените се пријавени од 11 ЦЈЗ/ПЕ. Најголем број (n=85) се регистрира во Куманово, додека највисока кумулативна инциденца (92,1/100.000) е регистрирана на територијата на Гостивар.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ВЛЕН: Членови на семејството на Џелал Бајрами палеле автомобили во Куманово

Во однос на дистрибуцијата по возрасни групи, најголем број на заболени се пријавени во возрасната група која опфаќа најголем дел од населението (од 15-64 години) – 162 случаи (61,8%), а највисока инциденца (25,1/100.000) се регистрира кај децата на возраст од 5-14 години (n=54).

Никола Ивановски