Во Куманово изложба на фотографии од Балканот од 1920 до 1930 година

Сподели со своите пријатели

Кумановци и љубители на фотографијата можат да ја проследат изложба на фотографии од германскиот фотограф Курт Хејлишер која е поставена во изложбениот салон на НУЦК „Трајко Прокопиев“. Прикажани се дваесетина фотографии што го презентираат секојдневието на жителите на државата од повеќе градови во периодот од 1920 до1926 година.

Loading...

– На сликите се прикажани архитектура типична за тој период, во градовите Скопје, Охрид, Ресен и прикажан собор од село Бардовци, каде може да се видат народни носии, како и начинот на живеење на луѓето од овие краеви, изјави Дени Синадиновски, кореограф-етнокореолог, од кумановскиот Центар за култура.

Фотографиите се направени минатиот век на Балканот во 1910, 1920 и 1930 година на покана од тогашните власти на СХС. На фотографиите се претставени архитектурата и начинот на живот на луѓето кои живееле на тогашниот простор од Босна до Македонија. Изложбата претходно била прикажана во Демир Капија, Неготино, Гевгелија и во Битола. Проектот е поддржан од Министерството за култура од годишната програма од 2019-година.

Од кумановскиот центар ги поканија кумановци да ја разгледаат со строго запазување на здравствените протоколи и мерки.

Александра Максимовска, Куманово

Leave a Reply