Во Куманово инфо ден за програмата за меѓугранична соработка Македонија-Бугарија (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Министерството за локална самоуправа денеска во Куманово организираше информативен ден за потенцијални апликанти за проекти за прекугранична соработка со Бугарија во рамките на вториот јавен повик.

На регионалниот инфо ден, претставниците на општините, непрофитните организации, јавните претпријатија, училиштата, установите и институциите од шесте општини од североистокот се едуцираа за начинот на апликација, за правилата на програмата, како проектот да биде одобрен.

 

Loading...

 

– Денеска го органзираме третиот информативен ден во Куманово, во рамките на информативна кампања што се организира по повод вториот повик. Ова е постапка која што се организира секогаш по објавување на еден повик, изјави програмскиот службеник за имплементирање на Интеррег ИПА Програмата, Бранкица Ристовска, од Министерство за локана самоуправа.

Повикот го објави Министерството за локална самоуправа на деветти февруари.

Раководителот на програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Бугарија, Николај Дошев оцени дека програмата се движи во добра насока и потсети дека добар дел од имплементацијата на проектите од првиот повик е завршена.

 

 

– Се надеваме дека и со вториот повик ќе имаме квалитетни проекти, изјави Дошев.

Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски смета дека ова е добра можност да се увидат потенцијалите на општината за искористување на европските пари за реализација на прекугранични проекти, посочувајќи дека општината како најголема во североисточниот регион ќе биде лидер во реализацијата на овој тип проекти.

– Морам да констатирам дека во досегашните искуства сме многу скромни во делот на конкретни реализирани проекти на територијата на нашата општина, но имаме за цел, тоа да го промениме заедно со вас, рече Димитриевски.

На овој повик можат да аплицираат општините, невладини организации, организации за поддршка на бизнисот, образовни, научни и културни и други непрофитни организации и институции. Проектите треба да се однесуваат на заштита на животната средина, туризам и конкурентност или подобрување на конкурентност. На потенцијалните апликанти, во рамките на овој повик, на располагање им стојат приближно седум милиони евра, средства од Европската унија кои се наменети за проекти од двете страни на границата.

 

Loading...

 

Владата, преку Буџетот на Министерството за локална самоуправа ги обезбедува средствата за кофинансирање на домашните корисници, во висина од 15 отсто за признаените трошоци на секој одобрен проект. Општата цел на програмата е зајакнување на прекуграничната соработка меѓу луѓето и институциите во регионот. Во рамките на Програмата за прекугранична соработка со Бугарија, од македонска страна проектите се имплементираат во Североисточниот, Источниот и Југоисточниот плански регион или во 27 општини во овие три плански региони. Повикот завршува на 11 мај. /МИА


Leave a Reply