Во Куманово гласаат 134 болни и изнемоштени лица

Сподели со своите пријатели

Вкупно 134 болни и изнемоштени лица денеска ќе го остварат правото на глас на вториот круг од претседателските избори во Куманово. Освен нив, денеска право на глас имаат и осудениците кои својата санкција ја извршуваат во Казнено-поправната установа Затвор Куманово во селото К’шање.

Loading...

-Малку е зголемена бројката на пријавени гласачи во вториот круг од претседателските избори. Гласањето е при крај, се одвива непречено и без никакви проблеми-истакна потпретседателот на ОИК Куманово, Ајрула Керими.

Во Куманово утре ќе се гласа на 167 избирачки места, а гласачкиот материјал е соодветно обезбеден.

Осум болни и изнемоштени лица кои претходно поднеле барање до Државната изборна комисија денеска го остварија своето право на глас, инфомираше Драган Јовановски, претседател на ОИК Старо Нагоричане. Утре право на глас во општината Старо Нагоричане ќе имаат вкупно 3.329 лица, покрај четворицата осуденици кои своето право на глас ќе го остварат денеска во казнено-поправните установи каде ја извршуваат санкцијата.

На 30 избирачки места во Општина Липково утре своето право на глас за нов претседател ќе можат да го остварат вкупно 25.360 лица, информираше Лирим Јашари, претседател на тамошната Општинска изборна комисија. Денеска на подрачјето на Липково не е реализирано гласање на болни и изнемоштени лица, затоа што претходно до ДИК ниту еден гласач не поднел такво барање.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *