Вкупно 189 болни и немоќни лица кои доставиле уредна и комплетна документација денеска ќе го остварат своето право на глас на 10те парламентарни избори во земјава.
Loading...
Денеска ќе гласаат и корисниците на Домот за стари лица „Зафир Сајто“ како и затворениците од затворот Куманово во Кшање.
Во Општина Липково право на глас денеска имаат 330 болни и немоќни лица, додека во општината Старо Нагоричане денеска гласаат 11 лица.
Вчера своето право на глас веќе го остварија лицата позитивни на коронавирусот, како и оние во изолација и самоизолација.
Никола Ивановски