Во косовскиот парламент не може да помине седница без солзавец (видео)

Сподели со своите пријатели
Втор пат за еден месец во Собранието на Косово е фрлен солзавец во собраниската сала пред самиот почеток на седницата.
Пратениците се излезени од салата, а пред  Работното претседателство на Собранието стојат пратеници на движењето Самоопределување и Алијансата за иднина на Косово.
Влезот на собранието го надлетуваа хеликоптери, а го обезбедува и засилено полициско присуство. Во истата зграда е сместен и кабинетот на Претседателката на Косово, Арифете Јахјага.

Додатните мерки се затоа што ова е втор ист ваков инцидент во Собранието, откако пратеникот од „Самоопределување“, Албин Курти пред една недела предизвика инцидент по што беше приведен во полицијата.

Loading...