Во кои земји бурмата се носи на лева, а во кои на десна рака?

Сподели со своите пријатели

Дали некогаш сте се запрашале зошто бурмата ја носиме на четвртиот прст на левата рака? Доколку не знаете време е да дознаете.

Во некои земји, бурмите се носат на левата рака. Според старото веруавње, до четвртиот пест на левата рака директно од срцето доаѓа вената на љубовта, латински наречена „вена аморис“ – вечна љубо. Поради тоа бурмата се става баш на тој прст за да се одржи постојаната вљубеност.

Романтично, зарем не?

Но, тоа не е случај кај многу народи и култури. Имено, на многумина повеќе им одговара чтвртиот прст од десната рака, а причините за тоа се многубројни.

Слобода на избор

Не постои закон кој вели дека бурмата треба да се носи на левата рака – во прашање е слобода на избор.

Различна култура

Секако дека секоја култура е различна, но во Колумбија, Данска, Германија, Грција, Мексико, Норвешка, Перу, Полска, Русија, Шпанија (без Каталонија), Македонија, украјна, Венецуела и Србија, бурмата се носи на десната рака, додека во другите на левата.

Поради здравје

Многу научници сметаат дека носењето на прстенот на левата рака е лоши за луѓето кои патат од реума или имаат проблеми со болести кои предизвикуваат отекување на зглобоците, па така тешко е да се стави или извади прстенот.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.