Во Кина пронајдени џинови стари 5.000 години (видео)

Сподели со своите пријатели

Кинеските археолози на истокот на земјата пронашле илјадници скелети стари 5 илјади години, кои за времето во кои живееле биле „необично високи и силни“.

Мерењата на коските во гробниците во провинцијата Шандонг, покажало дека височината на еден од нив е најмалку 1,9 метри, додека на останатите 1,8, пренесува кинеската агенција Ксинхуа.

Тоа го тврдиме на основа на структурата на коските. Да се живи денес би биле високи околу 1,9 метри – изјавил шефот на школата за историја и култура на Шандонг Универзитетот Фанг Хуи.

Loading...

 

Како се наведува, научниците сметаат дека тие лица за своето време биле скоро џинови.

Археолозите веќе година дена истражуваат остатоци од 104 куќи, 205 гробници и 20 жртвени олтари на локалитетот во близина на градот Јинан, кој е престолнина на наведената провинција, а остатоците датираат од касниот неолит.

Врз основа на анализите, високите луѓе биле пронајдени во големи гробници, најверојатно затоа што имале и висок општествен статус и можеле да си обезбедат подобра храна.

За локалитетот на кој се пронајдени остатоците од овие џинови, се верува дека бил политички, економски и културен центар на северниот дел на провинцијата Шандонг.

Просечната височина на денешните жители на тој крај е 1,75 сантиметри.

https://youtu.be/C24H-ukrAAQ