Во Кина откриен нов вид змија, исклучително е ОТРОВНА! (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Иако е малa, има исклучително силен отров кој може да предизвика страшни последици кај луѓето.

Loading...

Во Кина е откриен нов вид змии, кој го добила латинското име Gloydius lateralis. Има толку силен отров што, според експертите, може да предизвика траен инвалидитет кај човекот.

Змијата се храни со мали цицачи како што се глувците и е активна за време на сончеви денови во долината Хару во Националниот природен резерват Џиужаигу, каде што е откриена.

Според досега достапните податоци, заклучено е дека новооткриените змии можат да пораснат и до 46 сантиметри, очите им се зелени или кафени, а по телото имаат темни, кафени ленти.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Најмал остров во светот: Има само една куќа и дрво (ВИДЕО)

 

 

 

Сепак, иако луѓето дефинитивно не се интересен плен за неа, факт е дека овој вид е опасен за нас.

Loading...

Шенгчао Ши, еден од научниците кои ги проучувале овие змии, рекол дека тоа е исклучително силен отров.

– Оваа змија е многу отровна, тоа е сигурно. Колку што знаеме, сите видови од родот Gloydius се отровни. Мислам дека каснувањето на оваа змија не е благo, бидејќи каснувањето на змиите од нејзиното семејство предизвикува силна болка и може да предизвика инвалидитет, доколку не се лекува веднаш. Нивниот отров е таков што ја труе крвта и предизвикува оток, но генерално не убива. Сепак, тоа се однесува на семејството, додека оваа змија треба детално да ја истражиме – рече тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Се омажија сијамски близначки: Вака изгледа брачниот живот во тројка

Додека се истражува, милиони туристи го посетуваат националниот парк каде што е откриена змијата.

Во него има многу распоредени патеки, но многу луѓе сепак се симнуваат од нив и сами ја истражуваат природата, па се изложени на ризик случајно да згазат на змија и да бидат каснати од неа.