Во Кампот на слободата се отвара пункт за дониција за мигрантите

Сподели со своите пријатели

Во Кампот на слободата, пред Владата на РМ, од денеска во 19 часот ќе биде активиран пункт за собирање донации за помош на азилантите кои проаѓаат низ Македонија.

Loading...

Пунктот ќе биде поставен кај централната бина и ќе биде отворен до крајот на неделата, а ако е потребно и потоа.

За помош на луѓето кои проаѓаат низ Македонија, може да се донираат пилешки паштети, кроасани, енерџи барови/урми, вода, затворени обувки за пешачење, чорапи, фластери, кенгури за бебиња, пелени.

Вечерва модератор на дискусијата„Да им помогнеме на азилантите во Македонија“, која ќе трае од 19 до 20.30 часот, ќе биде Адмир Фазлагиќ, новинар, а ќе учествуваат Јасмин Реџепи, граѓански активист и член на НВО „Легис“, Александра Давидовска, граѓанска активистка и Блерта Дачи, граѓанска активистка.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.