Во Калифорнија прогласена вонредна состојба

Сподели со своите пријатели

Гувернерот на Калифорнија Гавин Њусом прогласи вонредна состојба на целата територијата на таа американска сојузна држава, бидејќи е наредена евакуација на околу 200.000 луѓе поради пожари и екстремни временски услови.

Loading...

Повеќе од два милиони луѓе во Калифорнија останаа без електрична енергија, бидејќи најголемата компанија за дистрибуција на електрична енергија превентивно ги исклучи снабдувањето за да спречи нови пожари.

Њусом рече дека властите ги вложуваат „сите расположиви ресурси“ во борбата против пожарите поттикнати од екстремно силен ветер.

Голем пожар го зафати подрачјето на долината Напа во северна Калифорнија, познато по многуте лозја, додека друг пожар го загрозува градот Ваљехо во областа на заливот во Сан Франциско.

Во јужниот дел на Калифорнија, во областа Санта Кларита во близина на Лос Анџелес, пожар уништи 18 структури и се заканува на домови и важна инфраструктура.

Најголемата евакуација беше во округот Сонома каде на 180.000 им беше наредено да ги напуштат своите домови.

Поради страв дека ветровите може да го прошират огнот на главниот пат, властите наредија и евакуација во делови од градот Санта Роса, со 175.000 жители, уништен во пожар пред две години.

Без електрична енергија, од саботата навечер се 2,3 милиони луѓе во 36 окрузи Калифорнија.

Loading...

Leave a Reply