Во Калифорнија беснеат пожари: Има мртви, уништени куќи, стотици евакуирани

Сподели со своите пријатели

Пожарите во националната шума Кламат, во близина на границата Калифорнија – Орегон, однесоа еден живот, изгореа најмалку девет домови, а стотици луѓе се евакуирани.

Loading...

Пожарите кои со денови беснеат во Калифорнија се предизвикани од бура со грмотевици која на 14 август ја зафати Националната шума Кламат.

Два дена подоцна, 71-годишен маж бил пронајден мртов на патеката од неговиот дом во опожарената површина.

Во средата наутро, пожарот зафатил околу 50.000 квадратни метри, или четири отсто од површината на комплексот, во комплексот „Хепи камп“, објави Калифорниското одделение за шумарство и пожар.

Во комплексот се активни неколку пожари, од кои најголемиот зафатил половина од вкупната опожарена површина.

Евакуирани се 755 луѓе, а пожарот се заканува на повеќе од илјада и пол згради.

Во наредните денови се очекува пожарите да станат поактивни поради доаѓањето на сув воздух во околината.