Во Јапонија започнува нова ера

Сподели со своите пријатели

Нова ера во Земјата каде што излегува сонцето, ќе започне на 1ви мај, ден откако царот Акихита ќе ја предаде власта на својот син, принцот Нарухито.

Loading...

Моменталната ера на царот Акихита, позната како „Хејсеј“ (постигнување мир) завршува за месец дека и ќе ја замени владеењето на новиот јапонски цар, а името на новото доба во Јапонија ќе биде „Рејва“, кое симболизира ред и хармонија.

Името во живо на телевизија го објави Јошихида Суга, шеф на кабиентот на премиерот Шинзо Абе, неколку моменти откако деветчелниот панел, во кој се наоша и освојувачот на Нобеловата награда и експерт за матични клетки Шинја Јаманака, се одлучи за еден од петте зборови кои ги предлозиле експерти по класична кинеска и јапонска култура.

– Се надеваме дека името на новата ера ќе биде прифатено во јавноста и ќе стане длабоко вкоренето во животите на јопонскиот народ, истакнал Суга.

Владеењето на секој јапонски цар (генго) носи одредено име, кое се користи заедно со западниот календар за да се означуваат годините.

Телвизиските коментатори се мачеле да понудат точен превод, па поради тоа премиерот Шинзо Абе исто така и се обрати на јавноста за да даде објаснување на значењето.

Loading...

Терминот за новата ера составен е од два дела – „Реј“ и „Ва“, што значи ред и мир или хармонија. Земен е од делото Мањоша, најстарата антологија на поезијата во јапонската култура.

Ова е воедно прв пат име на ново време да биде земено од јапонски, а не од кинески извори.

– Мањошу ја симболизира јапонската длабоко вкоренета култура и долга традиција. Како што чудните цветови на сливи во цвет означуваат доаѓање на проелтта по силната зима, секое време во Јапонија може да се надева на својата иднина и да направи цветовите да бидат отворени, истакнал Абе.

Според неговите зборови, јапонската нација е на крстопат, но постојат многу јапонски вредности кои не би требало да избледат.

– Многу сме горди на нашата историја, култура и традиција, а терминот „Рејва“ ја симболизира Јапонија во иднината. Онаа која ќе ја изградиме за идните генерации. Тоа имало најголемо влијание на изборот, навел премиерот на државата.

Во јапонската модера историја постоеле четири периоди. Веќе споменатиот „Хејсеј“ (постигнување на мир) на царот Акихита, а пред него ерата „Шова“ (1926-1989), што значи „просветена хармонија“. Периодот на „голема праведност“ била ерата „Таишо“ (1912-1926) која го наследила перидот на „просветено владеење“ односно ерата „Меиџи“ (1868-1912).

Loading...

Leave a Reply