Во Јапонија, таксист е уапсен бидејќи убил гулаб

Сподели со своите пријатели

Таксист во Токио е уапсен бидејќи со своето возило намерно убил гулаб, соопшти денеска јапонската полиција, додавајќи дека таксистот бил незадоволен бидејќи наишол на група гулаби на патот.

Loading...

Таксистот, 50-годишен маж, беше уапсен минатата недела затоа што „го искористил своето возило за да убие гулаб“, изјави за AFP неименуван портпарол на полицијата, додавајќи дека гулабот не бил убиен за храна.

Во ноември, еден таксист забрзал на крстосница откако се запалило зеленото светло, за да налета на група гулаби на земја, објави локалниот печат.

Ненадејната бучава од моторот на таксито исплашила случаен минувач, кој потоа го пријавил настанот во полиција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Денеска е Ѓурѓовден – празник на будење на природата

Полицијата ја оцени ситуацијата како сериозна, па дури побара од ветеринарот да се изврши обдукција на гулабот.

Засега не се знае каква казна ќе добие таксистот.