21.05.2019 14:26

Во Јапонија им се повеќе напуштени куќи, се нудат бесплатно на интернет


Јапонците се повеќе се селат во градовите и не се заинтересирани за живот во куќи надвор од градот, што предизвикало пад на побарувачката, односно пад на цената.

Државата не вовела никакви потикнувања ниту за преземање на старите кучи, наследени од членовите на семејствата, пишуваат медиумите.

loading...

Локалните заедници не можат да ги преземат и обноват куќите без дозвола на сопствениците, а тие најчесто игнорираат дека добиле куќа како наследство за да не плаќаат данок.

Во 2008 година во Јапонија имало 7,5 милиони празни куќи. До 2013 година бројот се зголемил на 8,2 милиони.

Поради тоа трговците со недвижнини нудат бесплатни домови преку интернет, а новите сопственици се одговорни само за проези и надокнади на агентите. На многу куќи им е потребна целосна обнова.

Ако се продолжи падот на бројот на населението, нив нема да има кој да ги земе дури и да се нудат целосно бесплатно.

Најголемиот виновник за ова се демографските промени. Имено, бројот на јапонското население пораснал во 20 век од 40 на 127 милиони, а сега нагло опаѓа.

Инаку, Јапонија не е единствена земја која подарува куќи. Во некои рурални делови на Италија куќи се нудат за само едно евро.

loading...

© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments