Здравствените установи во Италија од денеска се обврзани да ги вклучуваат лицата заразени со Ковид-19 на мобилната апликација „Имуни“, што овозможува следење на контактите на заразено лице, пишува весникот „Ил фато Котодијано“.
Ова е една од мерките во најновиот владин декрет за спречување на ширењето на инфекцијата со коронавирус.
Досега, апликацијата на апликацијата беше слободен избор на граѓаните.
Апликацијата е едноставна, сопственикот на мобилниот телефон ги добива информациите ако бил со лице кое е заразено, но без да го открие неговиот идентитет и може да го избрише од својот телефон во секое време.
Италијанската Влада ја обезбеди (нарача и плати) мобилната апликација во јуни, но бројот на луѓе кои ја ставаа на своите телефони беше мал.
Една од причините е што регионите, најчесто оние каде на власт се партиите на десниот центар, ја бојкотираа оваа мерка.
– Тие ја претворија здравствената мерка во инструмент за политика, рече заменик-министерот за здравство Сандра Зампа, која ги критикуваше и претседателите на регионите и италијанската јавна телевизија РАИ, за која рече дека не сторила доволно за мерката да биде попопуларна кај граѓаните.
На социјалните мрежи, во радио и телевизиските програми, граѓаните најчесто се жалат дека апликацијата ја загрозува нивната приватност, иако Владата и производителот дадоа гаранции дека тоа е исклучено.
Пандорка Арсовска-Гацова