Во Италија вакцинацијата против Ковид-19 ќе почне на 27 декември

Сподели со своите пријатели

Италија ќе почне вакцинација против коронавирусот на 27 декември, соопшти денеска Министерството за здравство во Рим.

Loading...

Италијанците чекаат одобрување од европското здравствено регулаторно тело, што треба да се случи на 21 декември и, како што велат во Министерството, вакцинацијата со вакцината на Фајзер ќе се одвива според предвидениот план.

На Апенините ќе пристигнат вкупно 1,83 милиони дози вакцини на Фајзер, а први ќе бидат вакцинирани здравствените работници, се наведува во соопштението.

Германија, Франција, Италија и уште пет европски земји најавија дека ќе го координираат почетокот на вакцинацијата против Ковид-19.

Јасмина Тасевска


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *