Во Италија основана првата фабрика за брашно од инсекти

Сподели со своите пријатели

Експертите предвидуваат дека во 2030 година ќе треба да се хранат над 9 милијарди луѓе, заедно со милијарди одгледувани животни.

Loading...

За да се справиме со зголемувањето на потрошувачката, се проценува дека производството на месо ќе се удвои до 2050 година, додека производството на риба во аквакултурата речиси тројно.

Првата италијанска фабрика за брашно од инсекти е отворена во регионот Марке во централна Италија, и покрај противењето на министерот за земјоделство на земјата, Франческо Лолобриџида.

Хозе Франческо Циани, извршен директор на Nutrinsect, изјави за Ansa дека „се отвори ново поглавје во историјата на прехранбената индустрија“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Како настанала песната „Ѓурѓевдан“, безвременскиот хит на ју-просторот?

Тој ја покани и Лолобриџида, која се залага за забрана на брашно од инсекти во Италија, „да дојде и сами да се уверите колку е тоа здраво и хранливо“.

Во Службениот весник од 29 декември, беше објавено правило кое дозволува брашно направено од штурци, ларви Tenebrio molitor (брашнест црв) и ларви Alphitobius diaperinus (мал штурец) во Италија.