Во Иран шест мажи осудени на смрт за вооружени напади

Сподели со своите пријатели

Иранското правосудство осуди шестмина обвинети на смрт поради тоа што биле дел од „терористичка група“ која извршила напади во југозападниот дел на земјата од 2017 до 2019 година, соопшти денеска Агенцијата за правосудство на земјата.

Loading...

„Шест членови на терористичката група Харакат ал Нидал беа осудени на смрт“ во судот во Ахваз, откако беа прогласени за виновни за „вооружени операции во провинцијата Кузестан“, соопшти агенцијата.

Групата е обвинета за убиство на четири лица меѓу март 2017 и март 2019 година, вклучително и еден војник и двајца членови на Басиј, исламистички волонтерски корпус.

Иран егзекутира повеќе осуденици од која било друга земја освен Кина, покажуваат податоците на организациите за човекови права, вклучително и Amnesty International, пренесува Танјуг.