Во Хрватска од река извлечени 13 кубански државјани

Сподели со своите пријатели

Полицијата на Славонски Брод извлекла 13 кубански државјани кои илегално се обиделе од Сава да влезат во Хрватска.

Loading...

Според официјалниот извештај, меѓу нив имало две деца, пет жени и шест мажи.

Околу 10 часот вчера, полицијата додека ја надгледувала границата на спојот на реката Орљава во реката Сава, наишла на 13 кубански државјани кои биле заглавени на непристапен дел од реката обраснат со вегетација и повикувале на помош.

Официјалните лица морале да организираат спасувачка операција со брод за да ги извлечат луѓето безбедно од реката.

Според официјалниот извештај, тие илегално ја преминале државната граница и влегле во Хрватска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Планирате летување во Грција? Ова се цените што ве чекаат летово!

Меѓу нив имало две деца, пет жени и шест мажи, пишува „Вечерњи лист“.

Полицијата предупреди на трагедиите што може да им се случат на луѓето при преминувањето на реката Сава и дека тие што го прават тоа го ризикуваат своето здравје и живот.

Додаваат дека случаите на оштетување или превртување на чамци не се ретки, па трагедиите се неизбежни, доколку во тој момент во близина нема полицајци кои се подготвени да помогнат и да спасат луѓе.

Loading...

Само во декември минатата година во Сава биле пронајдени четири тела на непознати лица.