Во Хрватска денеска почнува вакцинацијата против омикрон

Сподели со своите пријатели

Во Хрватска денеска треба да започне вакцинацијата со нови, адаптирани вакцини против коронавирусот, кои покрај оригиналниот сој од Вухан, ја покриваат и варијантата омикрон.

Loading...

Како што пренесуваат медиумите во Загреб, на граѓаните прво ќе им биде достапна адаптираната вакцина Фајзер, а потоа и вакцината Модерна.

Хрватскиот завод за јавно здравје им препорача дополнителна вакцинација со нови вакцини на сите возрасни лица кои примиле две дози.

Што се однесува до оние кои досега примиле три дози, вакцинацијата се препорачува за оние 60 и помлади во ризик.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Октоберфест поттикна бран корона во Минхен