Во Германија се заострува состојбата со бегалците

Сподели со своите пријатели

Унијата на германските градови апелираше до сојузната влада да преземе чекори за регулирање на приемот на бегалците и побара свикување на кризен состанок за прашањето за сместување, особено пред претстојната зима.

Loading...

„Постои акутна потреба да се решат итните проблеми како што се капацитетот за сместување, распределбата на бегалците низ сојузните држави и покривањето на трошоците“, рече градоначалникот на Минстер и актуелен претседател на Здружението на германските градови Маркус Леве.

Оваа чадор организација проценува дека бројот на бегалци од Украина дополнително ќе се зголеми со доаѓањето на зимата.

Истовремено расте и бројот на бегалци и баратели на азил од други земји. Леве истакна дека многу бегалци кои беа привремено сместени во приватни станови наскоро ќе се најдат без покрив над главата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Јапонија лани регистрирани рекордни 123.000 случаи на злоупотреба на деца

Нема простор

„Во претстојната зима повторно ќе имаме ситуација кога ќе бидеме принудени да сместуваме бегалци во спортски и кино сали и хотели“, рече Леве.

Веќе нема доволно места во училиштата и градинките.

Девет од 16-те федерални провинции во моментов престанаа да примаат бегалци, што доведе до нерамномерна распределба.

Од почетокот на јуни, бегалците од Украина, чиј број во моментов се проценува на околу еден милион, имаат право на социјална помош, што не е случај со другите бегалци и баратели на азил.

Loading...

На последниот кризен состанок на федералната и покраинската влада на крајот на април годинава беше заклучено дека треба да се направи се за да се овозможи што побрзо интегрирање на бегалците во германското општество.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Џакарта повеќе нема да биде главен град на Индонезија

Во првите четири месеци од годинава за 15 отсто е зголемен и бројот на бегалци од други земји, а предничат бегалците од Сирија и Авганистан.

Квотата за признавање статус на бегалец е 47,1 отсто.