Во Германија се погласни барањата за изнаоѓање дипломатско решение за војната во Украина.
Според истражувањето на „Дојчландтренд“ на јавниот сервис АРД, дури 60 отсто сметаат дека германската влада треба да вложи поголеми дипломатски напори во изнаоѓање решение за завршување на војната.
Така, 26 отсто од прашаните одговориле дека Германија во секој случај мора да ги засили напорите за изнаоѓање дипломатско решение, а дополнителни 34 отсто рекле дека мислат така дури и ако тоа би значело дека Украина мора да прифати компромиси со Русија.
Поддржувачите на десничарската Алтернатива за Германија (АфД), Левицата и Партијата на слободата (ФДП) бараат посилна дипломатска иницијатива.
Поддржувачите на другите партии застапени во Бундестагот, меѓу кои и владејачката Социјалдемократска партија (СПД), Зелените и опозициската ЦДУ/ЦСУ, се порезервирани, бидејќи стравуваат од можни загуби за Украина.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.