Германските судови од јануари до септември регистрирале 10.643 барања за стечај, а поради кризата експертите сѐ уште очекуваат бранот банкротства да продолжи.
Судовите ги проценуваат побарувањата на доверителите на околу 10,8 милијарди евра.
Во исто време лани тие беа значително повисоки, околу 45,5 милијарди евра, бидејќи имаше повеќе предмети од големи размери, најмногу во градежниот и трговскиот сектор.
Во Германија во ноември повторно имало повеќе компании во стечај – забележан е плус 1,2 отсто од банкротите во однос на октомври, објави Сојузниот завод за статистика.
Во октомври бројот на фирми во стечај скокнал за 18,4 отсто во однос на претходниот месец, но статистичарите посочуваат дека барањата за стечај често влегуваат во статистиката со задоцнување од неколку месеци.
Во првите девет месеци од годинава, стечајците на потрошувачите драстично се намалија за речиси една петтина или за 18,6 отсто.
Овде, пак, огромна улога има промената на законот од октомври 2020 година, со која се овозможи отпис на преостанатиот долг по три наместо шест години.
Со цел да се спречи бранот стечајци како последица на пандемијата, државата привремено ја суспендираше обврската да поднесе барање за стечај во случај на презадолженост или неликвидност.
Сите информации за економско-енергетската криза во Македонија, регионот и светот можете да ги прочитате ТУКА.