Во Газа убиени 29.313 лица, од кои 118 во последното деноноќие

Сподели со своите пријатели

Министерството за здравство на Хамас денеска соопшти дека од почетокот на израелските воени операции во Појасот Газа се убиени 29.313 лица.

Loading...

Во изминатите 24 часа загинаа 118 лица.

Од почетокот на војната, според Министерството за здравство на Хамас, ранети се 69.333 лица.

Убиените и ранетите се претежно жени и деца, објави Франс прес.

Да потсетиме, овие операции започнаа како одмазда за нападите на палестинските екстремисти на 7 октомври.