Во Франција од 1950та имало најмалку 10.000 жртви на свештеници педофили

Сподели со своите пријатели

Во Католичката црква во Франција има илјадници педофили од 1950 година, резултат на независна студија што ќе биде објавена во целост во вторник.

Loading...

Независната комисија докажала дека во црквата има меѓу 2.900 и 3.200 педофили и тоа е „минималната проценка“, изјави за агенцијата АФП водачот на истражувањето, Жан-Марк Оул, пренесе Политико.

Претходно оваа година, Сове објави дека има „најмалку 10.000“ жртви на свештеници и други членови на клерот во Франција.

Комисијата, формирана од Француската бискупска конференција во 2018 година, направи извештај од 2.500 страници, и покрај бројот на педофили и нивните жртви, се занимава и со откривање на институционални механизми што им овозможуваат на педофилите да останат во Црквата, рече Сове.

Извештајот ќе биде официјално претставен утре на прес – конференција, на која се поканети претставници на здружението на жртвите, а еден член на комисијата за АФП изјави дека „ќе одекне како бомба“.