Во Франција 28 лица осудени за онлајн малтретирање на инфлуенсерка

Сподели со своите пријатели

Дваесет и осум лица се осудени на затворски казни до 18 месеци за сајбер вознемирување на инфлуенсерка, уметнички агент за ријалити и ТВ  личности и францускиот телевизиски колумнист Магали Бердах, што е најголемиот случај на сајбер-малтретирање во Франција досега, објави Би-Би-Си.

Loading...

Обвинетите се казнети со парична казна од 700 евра и наредени да платат дополнителни 54.000 евра како отштета на својата жртва.

Парискиот суд прогласи 28 виновни за сајбер-малтретирање на Берда, што беше поттикнато од кампањата на францускиот рапер Буба, во која се тврди дека вознемирувањето имало последици по нејзиното ментално здравје.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кому пречи Олимпијадата? Напад на железницата во Париз за да се парализира градот

Буба, чие вистинско име е Ели Јафа, ги негира наводите. Адвокатите на Берда рекоа дека објавите на Буба ги охрабруваат луѓето да испраќаат пораки со омраза и навреда до нивниот клиент преку социјалните мрежи, што раперот го негираше.

Судот изјави дека секој од обвинетите „свесно избрал да се придружи“ на сајбер-малтретирањето.

Обвинетите, на возраст од 20 до 49 години, добија затворски казни од четири до 18 месеци, од кои некои беа условни.

Бердах по изрекувањето на пресудата изјави дека животот и бил уништен две години поради навредливите пораки што ги добивала.

Во декември Буба негираше дека е шеф на онлајн „мафија“.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЕУ доби прво барање да одобри продажба на месо одгледувано во лабораторија

Раперот се најде на насловните страници во 2018 година, откако беше вмешан во тепачка на аеродромот во Париз со раперот Каарис, што резултираше и двајцата да добијат условна затворска казна од 18 месеци.

Берда треба да се појави на суд поради обвинение за перење пари, а нејзината маркетинг компанија Shauna Events е под истрага за измама.