Во февруари во ЕУ се регистрирани 883.608 нови автомобили

Сподели со своите пријатели

Во земјите на Европската унија во февруари се регистрирани 883.608 нови автомобили, што е за 10,1 отсто повеќе во споредба со истиот месец лани, објави денеска Асоцијацијата на европски производители на автомобили (ACEA).

Loading...

Во февруари автомобилскиот пазар во Франција забележа раст од 13 отсто на годишно ниво, во Италија 12,8 отсто, Шпанија 9,9 отсто, Германија 5,4 отсто.

Во февруари, најголем број нови возила на бензин е регистриран со 35,5 отсто, потоа хибридно-електрични возила (HEV) со 28,9 отсто, автомобили на дизел со 12,9 отсто и електрични возила на батерии (BEV) со 12. проценти.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Цената за регистрација на автомобилите ќе остане иста

Бројот на регистрирани електрични возила со батерии во февруари се зголеми за скромни девет проценти на годишно ниво – на 106.187 автомобили.

Спротивно на тоа, бројот на регистрирани хибридно-електрични возила се зголеми за значителни 24,7 проценти на годишно ниво на вкупно 255.511 возила, пред се поради силниот раст на продажбата на најголемите пазари во Франција, Шпанија, Германија и Италија.

Анализата на податоците за првите два месеци од оваа година покажува дека вкупниот број регистрирани автомобили во Европската унија се зголемил за 11,2 отсто на годишно ниво – на 1,7 милиони возила, пренесува Танјуг.