Во Европа, жештината однела повеќе од 16.500 животи

Сподели со своите пријатели

Најголемите градови во светот, од Лондон и Вашингтон до Токио и Пекинг, доживуваат рекордна жештина, при што бројот на екстремно топли денови се зголеми за дури 25 проценти во споредба со 1990-тите, според најновата студија.

Аналитичарите предупредуваат дека без итна акција, сè поголем број луѓе ќе ги почувствуваат последиците од ваквите опасни временски услови, објавува Гардијан.

Како што покажа анализата на Меѓународниот институт за животна средина и развој (IIED), бројот на денови во кои температурата надминала 35 степени целзиусови во 43-те најнаселени градови во светот значително се зголемил помеѓу 2015 и 2024 година во споредба со ситуацијата помеѓу 1994 и 2003 година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Брисел размислува да користи замрзнати руски средства за финансирање на Украина

Такво зголемување е забележано низ целиот свет, при што бројот на екстремно топли денови во Рим и Пекинг се удвоил, додека во Манила се зголемил трикратно, според британскиот весник.

Во Мадрид, сега има просечно 47 дена годишно кога температурата надминува 35 степени, во споредба со 25 претходно, а во Лондон, познат по постудената клима, бројот на денови во кои живата достигна над 30 степени е двојно зголемен.

Рекордно висока температура е регистрирана низ целиот свет во 2024 година, од САД и Канада до Египет, Кина и Јапонија.

Во Јапонија, рекордно висока температура од 41,2 степени е забележана во јули, кога повеќе од 10.000 луѓе се хоспитализирани поради здравствени проблеми поврзани со топлината.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Протекоа нови фотографии од кинескиот ловец од шеста генерација. Откриваат интересни детали!

Во Европа, најмалку 16.500 луѓе починаа како резултат на климатската криза од јуни до август.

Поради согорувањето на фосилни горива, топлотните бранови стануваат поинтензивни, а најранливи се постарите лица и сиромашните во брзорастечките градови, предупредуваат експертите.

„Климатските промени се нова реалност. Владите повеќе не можат да ги кријат главите во песок“, рече научничката од IIED, Ана Валницки.

Глобалниот центар за адаптација (GCA) минатата недела започна кампања насочена кон забрзување на решенијата за спасување животи и заштита на луѓето од екстремна топлина, како што се ладени центри, затемнети места за одмор, работно време чувствително на климатските промени и системи за рано предупредување, објави „Гардијан“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Земјотрес со магнитуда од 6,1 степен по Рихтер ја погоди Камчатка