Во ЕУ Хрватите најдолго живеат со своите родители

Сподели со своите пријатели

Во Европската Унија, во 2022 година, младите во просек го напуштале домот на своите родители на возраст од 26,4 години, но таа возраст многу се разликувала од земја до земја, па младите најдолго живееле со своите родители во Хрватска, а младите од скандинавските земјите ги оставиле најрано.

Loading...

Според вчера објавените податоци на европската статистичка агенција Еуростат, просечната возраст е највисока во Хрватска со 33,4 години, потоа Словачка со 30,8, Грција со 30,7, Бугарија и Шпанија со по 30,3, Малта со 30,1 и Италија со 30 години.

Од друга страна, младите го напуштиле семејниот дом на просечна возраст помала од 23 години во Финска (21,3), Шведска (21,4), Данска (21,7) и Естонија (22,7).

Во последните десет години, просечната возраст на која младите го напуштаат домот на своите родители е зголемена во 14 земји-членки на ЕУ, особено во Хрватска (плус 1,8 години), Грција (плус 1,7 години) и Шпанија (плус 1,6 години).

Кога станува збор за полот, мажите останале подолго во родителскиот дом од жените.

Минатата година, во 2022 година, просечната возраст во ЕУ за мажите била 27,3 години, а за жените 25,4 години.

Во девет земји синовите си заминале од дома дури по 30-годишна возраст – Хрватска, Бугарија, Грција, Словачка, Шпанија, Италија, Малта, Словенија и Португалија.