Во Ерусалим осветено маслото за крунисување на кралот Чарлс

Сподели со своите пријатели

Маслото што ќе се користи за време на крунисувањето на британскиот крал Чарлс беше осветено во Ерусалим на церемонија во црквата на Светиот гроб.

Loading...

Патријархот Теофил III и англиканскиот ерусалимски архиепископ Хосам Наум осветија маслиново масло од две маслинови насади на Елеонската Гора, во манастирот Марија Магдалена и во манастирот Вознесение, пренесува британски Гардијан.

Маслинките се пресуваат недалеку од Витлеем и се мирисаат со сусам, роза, јасмин, нероли, бензоин, цимет, сив килибар и цвет од портокал.

Кралот ќе биде крунисан на церемонија во Вестминстерската опатија на 6 мај.

Надбискупот од Кентербери, Џастин Велби, рече дека е „почестен и благодарен на неговото блаженство патријархот Теофил III и архиепископот Хосам Наум за осветувањето на маслото што ќе се користи за крунисувањето на Неговото Височество Кралот“.

Велби изрази посебна благодарност до патријархот Теофил III за светото масло што ја одразува личната семејна врска на кралот со Светата земја и потсети дека од античките кралеви до денес, монарсите биле крунисани со масло од, како што рече, „тоа свето место.

Светото масло за крунисувањето на кралот Чарлс (74) е како она што беше употребено за крунисувањето на кралицата Елизабета Втора на 2 јуни 1953 година, а формулата е стара стотици години.

Бабата на Чарлс, принцезата Алиса од Батенберг, е погребана во Руската православна црква Света Марија Магдалена на Маслинската Гора.

Loading...

Кралот бил на нејзиниот гроб за време на неговата посета на Израел во 2020 година, потсетуваат израелските медиуми.