Во експлозија урната зградата во која живеел Пабло Ескобар (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Колумбија ја уништи озогласената станбена зграда во која некогаш живеел криумчарот на дрога Пабло Ескобар. Зградата била дел од туристичките рути на тема Ескобаров живот, пишува Ројтерс.

Loading...

Зградата Монако била една од неколкуте домови на човекот одговорен за шест илјади убиства.

Во зградата Ескобар живеел во осумдесеттите години, а ова зграда била симбол на злото, рекол за новинарите градоначалникот Федерико Гутиерез.

Гутиерезе изразил жалење што зградата висока осум ката станала одредиште за туристи и овие тури ги нарекол нарко тури. Критичарите тврдат дека овие тури всушност го слават насилството на нарко картелите од осумдесеттите години кога се убиени илјадници Колумбијци.

На ова место градот планира да изгради парк и спомен обележје на жртвите на Ескобар.

Пабло Ескобар е убиен во декември 1993 година во заедничка операција на Колумбија и САД.

https://youtu.be/qSK-SYPnWcQ

Leave a Reply