Во два засебни случаи откриено криумчарење на 30 мигранти

Сподели со своите пријатели

Како што јавува Министерството за внатрешни работи, на 18 јануари,  околу 05.30 часот од страна на мешовита полициска патрола, во реонот на с.Богородица биле забележани три патнички моторни возила „Ауди“ сите со скопски регистарски ознаки.

Првото возило имало улога на „чистач“, додека во другите се превезувале мигранти.

Во координација со друга патрола направен е обид за сопирање на возилата, кои на даден знак „СТОП ПОЛИЦИЈА“ не застанале и со голема брзина наместо кон Скопје продолжиле со движење кон Валандово, при што едното ПМВ кај раскрсницата Брајковци-Пирава-Валандово излетало од коловоз и се превртело, при што возачот напуштил место на настан, а со повреди се здобиле осум мигранти, кои со две амбулантни возила се пренесени во ГОБ-Гевгелија, каде им се констатирани телесни повреди.

Се работи за шест лица од Мароко и две од Пакистан.

Мешовитата патрола продолжила со следење на другото ПМВ по регионалниот пат Струмица-Штип и во близина на с.Градошорци заедно со патрола од ПС-Струмица било сопрено при што во возилото пронајдени се 10 илегални мигранти и тоа четири од Либија, две од Пакистан, три од Алжир и еден од Мароко, како и возачот З.Р.(28) од Скопје.

Третото возило не е пронајдено. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настанот.

Денес, поточно во 00,30 часот на автопатот Скопје -Гевгелија во близина на с.Удово, од страна на мешовит патролен тим, забележано е ПМВ „Шаран“ со скопски регистарски ознаки управувано од А.Е.(25) од Албанија, во кое се пронајдени 12 илегални мигранти од Сомалија, Иран и Бангладеш.

Возачот е лишен од слобода, а илегалните мигранти се приведени во ПС за ГН и ГП „Богородица“ за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настанот.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.