Околу 35 хектари површина била пеплосана во два пожара кои вчера избувнале на територијата на Општина Старо Нагоричане.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, првата интервенција била во атарот на селото Старо Нагоричане, кај м.в. Беле грамаде.
Таму гореле сува трева и стрниште на површина од околу 20 хектари.
Двајца пожарникари интервенирале на терен во период од 19:20 до 20:40 часот.
Во атарот на селото Младо Нагоричане, поточно во маалото Вујовци, на површина од околу 15 хектари гореле сува трева, стрниште и ниска деградирана шума.
Според РЦУК, било интервенирано во период од 21:00 до 23:45 часот со три противпожарни возила и петмина пожарникари.
Во овој момент нема активни пожари.
Никола Ивановски