Во Дубаи изградена најголемата зграда со 3Д принтер (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Градежната фирма „Апис Аор“ ја искористи својата најнапредна технологија за изградба на најголемата 3Д зграда во светот, двокатна канцеларија во Дубаи.

Loading...

„Апис Кор“ направи изградба од висина од 9,5 метри и површина од 640 метри квадратни.

Компанијата тврди дека тоа е најголемата зграда досега изградена со 3Д технологија.

„Апис Кор“ разви материјал заснован на гипс кој поминува низ специјален 3Д-принтер, создаден од локална компанија за производство и складирање на градежни материјали.

Печатењето се одвиваше на отворено за да се докаже дека оваа технологија може да се справи со суровата околина без да се контролира влажноста и температурата, пишува Дизен.

3Д машината за печатење на „Апис Кор“ беше преместена од просториите на компанијата до местото на градба за да може да се направат различни делови од зградата.

Зградата е подигната на конвенционални темели и 3Д печатената форма е засилена со бетон и арматура.

Исто така, за подовите се користеле претходно печатени панели, а добавувачот ги додавал конвенционалните прозорци и покриви, кога биле подигнати sидовите.

Loading...

„Проектот ни обезбеди уникатно знаење и непроценливо искуство што ќе ни помогне да ја подобриме нашата технологија и да развиеме нова верзија на нашиот 3Д печатач. Овој проект е огромен чекор напред во индустријата за печатење со 3D”, рече Никита Цениутаи, извршен директор и основач на компанијата.

Фирмата планира да ја користи својата 3Д машина за печатење во 2020 година за да изгради специјални огради во американските држави Флорида, Луизијана и Калифорнија.

Компанијата исто така дизајнираше живеалишта за Марс за целите на натпреварувањето на НАСА.

Leave a Reply