Во дом во село Ваксинце откриени 17 мигранти од Пакистан

Сподели со своите пријатели

Регионалниот Центар за гранични работи –  Север поднесе кривична пријава против Т.Ќ. (54) од с.Ваксинце поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчаење мигранти“.

Полицијата на 17 февруари извршила претрес во домот на пријавениот во с.Ваксинце при што се пронајдени 17 мигранти од Пакистан.

Од преземените мерки утврдено е дека мигрантите оствариле илегален влез од Р.Грција, по што биле сместени во домот на пријавениот со цел да бидат пренесени преку граница, до договорена дестинација.

 

Loading...