Во дом на кумановец полицијата откри 372 грама марихуана

Сподели со своите пријатели

Секторот за внатрешни работи Куманово, поднесе кривична пријава против Д.С.(34) од Куманово за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Како што информираат од полицијата, на 24.09.2018 година, при извршен претрес во домот на пријавениот и во помошна просторија во дворно место од куќата, пронајдени се четири полиетиленски пакувања со 372 грама марихуана.

Leave a Reply